Information

Најчесто поставувани прашања во врска со сајбер безбедно работење

Што значи тоа мојата компанија да биде сајбер безбедна?

Вашата компанија е сајбер безбедна кога сте донеле организациски и технички мерки, кои треба да ги почитуваат и применуваат и менаџерите и вработените во компанијата. 

 

Како да постапам кога сакам фамилијарниот компјутер да го користам за работа?

Ако компјутерот се користи од повеќе лица, обезбедете секој да има посебен кориснички профил во оперативниот систем. Со тоа другите членови во фамилијата нема да имаат пристап до службените документи и ќе го намалите ризикот од случајно бришење. Исто така проверете дали на компјутерот имате лиценциран оперативен систем кој редовно се ажурира, како и активна алатка за заштита од вируси. И последно – проверете како се конектирате на интернет – јавни WiFi мрежи не се безбедни!

 

Многу често го слушам зборот сајбер хигиена, но не знам какво значење има за мојата компанија?

Сајбер хигиена се однесува на збир на практики како промена на лозинки, ажурирање на софтвер, надградба на хардвер/опрема, бекап на податоци, активен антивирус, кои може да ги примените за зголемување на сајбер безбедноста и сигурноста во компанијата. Овие практики се однесуваат сите вработени во вашата компанија но и на вашиот давател на ИТ услуги (ИТ администратор) – доколку имате таков.

 

На службените компјутери имаме електронски документи кои се од голема важност и значење за нашата компанија и сакам да ги заштитам. Како?

Добра пракса е да се има листа на сите типови на документи и информации со кои работите. За секој тип да се дефинира колку се чувствителни и како треба да се чуваат. Секој вработен треба да има свој кориснички профил со силна лозинка и преку тоа ќе им пристапува на документите. Дополнително, подесете редовен бекап. Со помош на бекап, и некој да ги избрише податоците или да ги уништи вирус, ќе имате можност да ги повратите.

 

Како да го заштитам документот кој сакам да го пратам по електронска пошта?

Постојат повеќе начини за тоа. Можеби најлесниот начин е да го заштитите документот со лозинка, и истата да ја пратите до примателот по друг канал. На пример, во PDF документот ставете лозинка во пермисиите и потоа пратете го по е-пошта, а лозинката пратете му ја на клиентот на Viber.