CSME

Подршка за сајбер безбедност во микро и мали фирми

Целта на проектот „Поддршка за сајбер безбедност во микро и мали претпријатија“, поддржан од Амбасадата на САД во Северна Македонија, е да се зголеми употребата на мерките за сајбер безбедност и да се подобри однесувањето во микро и малите претпријатија, во врска со овој важен дел на работа.

Со цел подигање на свеста и знаењето за основна заштита и сајбер-безбедност, нашата целна група не се само вработените и менаџерите во микро и малите претпријатија, туку и пошироката публика преку спроведена кампања на социјалните медиуми.

Затоа, без разлика дали сте индивидуа, вработен или менаџер заинтересиран за сајбер-безбедност, следете ги линковите подолу и видете како можете да ја подобрите вашата работа во врска со оваа важна тема.

За поединци препорачуваме Квиз за сајбер безбедност за микро и мали претпријатија.
За менаџерите и вработените, препорачуваме Сајбер ризик за микро и мали претпријатија.

Следно, можете да ги следите модулите за обука на оваа тема или/и да закажете менторска сесија со наш експерт за сајбер безбедност.

  • Сајбер ризици во микро и мали бизниси

     

    Истражувањето за сајбер ризици во микро и мали бизниси е проценка на сајбер ризик која ќе идентификува каде може да се подобри работата на претпријатијата во врска со сајбер-безбедноста.

    Проценката ќе ви помогне во мерењето на ризиците на кои е изложена вашата компанија и ќе ви даде специфични упатства за следење на различни модули за обука и менторски сесии кои ќе ви помогнат да ја подобрите вашата работа во врска со безбедност и заштита кога работите на интернет.

    Доколку сте вработен или менаџер во микро или мала фирма и сакате да знаете кои се сајбер ризиците во вашето работење, ви препорачуваме да го проследите Прашалникот за проценка на Сајбер ризик во микро и мали бизниси на следниот линк.

     

  • Квиз за сајбер безбедност во микро и мали бизниси

     

    Главната цел на Квизот за сајбер безбедност за микро и мали бизниси е да ги измери основните познавања за сајбер заштита и безбедност кај пошироката публика и да ги идентификува заинтересираните микро и мали фирми кои сакаат да се едуцираат на темата.

    Затоа, ако сте индивидуа или вработен и ве интересира да видите колку знаете за сајбер безбедноста, како да бидете дополнително заштитени, да добиете совети и упатства за следни чекори, ве советуваме да го проследите квизот.

    Квизот е поделен на 10 дела (страници) кои ги опфаќаат сите аспекти на сајбер безбедност и заштита на работното место.

    За да одговорите на квизот, следете го овој линк.

  • Тренинг модули

    Тренинг модулите, како дел од активностите од овој проект, се објавени на нашиот YouTube канал Readiness for Europe.

    Можете да ги проследите на следниве линкови:

    Модул 0: Запознавање со Лило Компани и СајберКо

    Модул 1: Зошто сајбер безбедност?

    Модул 2: Сајбер хигиена

    Модул 3.1.: Вируси

    Модул 3.2.: „Фишинг“

    Модул 4: Заштита на документи

    Модул 5: Безбедни операции – Софтвер, Мрежа, WiFi

    Модул 6: Безбедност на интернет

    Модул 7: Безбедно работење на далечина и во облак

    Модул 8: Безбедно користење на уреди и преносни медиуми

    Модул 9: ИТ инциденти и континуитет во работењето

    Модул 10: Свесност на вработените за сајбер безбедност

  • Менторски сесии

    Менторските сесии се наменети за сите микро и мали компании кои се заинтересирани да бидат водени од ментор- експерт за сајбер бебедност,  во процесот на  имплементација на мерките за намалување на сајбер ризиците на нивната компанија.

    Кои се менторите?

    • Ментори се искусни професионалци кои зад себе имаат повеќегодишно искуство во областа за сајбер безбедноста и заштитата.

    Како функционира менторирањето?

    • Менторската сесија се изведува on-line во термин кој претходно ќе го договорите со вашиот ментор. За реализација на менторската сесија, од вас ќе се побара да инсталирате посебен софтвер за оваа намена.(ЗООМ, ТЕАМС)

    Кога се организираат менторските сесии?

    • Менторските сесии се организираат во термин кој меѓусебно ќе го договорите со вашиот ментор.

    Колку е времетраењето на една менторска сесија?

    • Должината на една онлајн менторска сесија изнесува максимум 2 часа.

    Што опфаќа менторирањето?

    • Толкување и објаснување на ИЗВЕШТАЈОТ за оценка на ризиците со идентификација на клучните ризици со кои се соочува вашата компанија и ПЛАНОТ за справување со истите
    •  Помош околу имплементација на мерките за намалување на сајбер ризиците на вашата компанија.

    Закажете менторска сесија

    • Доколку сте заинтересирани за двочасовна менторска сесија- пиштете ни на нашиот маил contact@re2020.org.mk
  • Прашања и одговори

    Доколку имате прашање, дилема или проблем може да ни се обратите преку формата подолу.

    Вашето прашање и одговорот ќе бидат јавно објавени на оваа страница со цел да им помогне на сите оние со сличен проблем. Вашето име и компанија нема да бидат јавно објавени. 

    • Најчесто поставувани прашања