Информација
- Почетна
- Информација
Доделени 150 сертификати на учесници на обуки за дигитални вештини и онлајн безбедност
150 пензионери, членови на Здруженијата на пензионери од Куманово, Гостивар, Струга, Велес, Битола, Кавадарци Струмица и од Дневниот центар при Црвениот крст на Град Скопје, успешно ја поминаа обуката и добија сертификати за активно учество на работилниците за стекнување основни дигитални вештини и безбедно присуство на интернет. Обучените ментори во период од октомври – декември 2023та реализраа вкупно 48 работилници и им помогнаа на пензионерите да стекнат знаења и вештини за темите: Основни поими и движења Мој ДДВ Онлајн плаќање на сметки Електронска пишана комуникација: Е- пошта Електронска говорна комуникација – Skype, Viber, Zoom Онлајн пребарување Забавни активности на интернет Безбедни уреди Безбедно „сурфање“ Безбедно на социјални мрежи Безбедно купување онлајн и можни измами Безбедно на интернет Активностите се спроведени во рамки на проектот „Заедно сме посилни во дигиталниот свет“, имплементиран преку програмата за поддршка во вид на Механизмот за цивилна отпорност на ЕУ (CRM) , во рамките на проектот финансиран од ЕУ „Техничка помош за подобрување на поволната средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“. |