Information
Менторски сесии
Менторските сесии се индивидуални (ментор-компанија) и се наменети за сите микро и мали компании кои се заинтересирани да бидат водени од ментор- експерт за сајбер бебедност, во процесот на имплементација на мерките за намалување на сајбер ризиците на нивната компанија.
Тие траат околу два часа и со одржуваат со ментори кои се искусни професионалци и зад себе имаат повеќегодишно искуство во областа за сајбер безбедноста и заштитата.
Менторирањето опфаќа:
- Толкување и објаснување на ИЗВЕШТАЈОТ за оценка на ризиците со идентификација на клучните ризици со кои се соочува вашата компанија и ПЛАНОТ за справување со истите
- Помош околу имплементација на мерките за намалување на сајбер ризиците на вашата компанија.
ШТО РЕКОА УЧЕСНИЦИТЕ ЗА МЕНТОРСКИТЕ СЕСИИ..
„Факт е дека развојот на информатичкото општество со себе носи многу предизвици и ризици во сајбер просторот. Справувањето со тие ризици е комплексен проблем за бизнис ентитетите, кои стануваат се посвесни дека ризиците во сајбер просторот треба навремено да се детектираат и да се преземат мерки за нивно управување. Менторската сесија која ја нуди проектот е одлична можност за микро и малите претпријатија да се стекната со знаења и вештини за препознавање на сајбер ризиците во своето работење, и преку анализа на своето работење во сајбер просторот да креираат мерки за заштита од ризици и справување со предизвиците“ – Марина од компанија „Тошески- ИЗ Соња Тошеска, Прилеп
„Ви благодарам многу на укажаната можност за надоградување. Минатата недела ги прегледваме видеата и направив мала презентација на мојот тим, како би им ги доловила уште еднаш приоритетните работи кои што мораме да ги промениме како би се зајакнала нашата безбедност. На менторската сесија добив некои смерници и препораки кои што и самата до сега не сум ги користела. Посебно ми се интересни „триковите„ како да се направи силен пасворд, но да биде лесен за паметење, но и насоките колку често/што треба да менуваме. И покрај тоа што компјутерите се супер алатки, не смееме да заборавиме дека највулнарабилната алка во целиот овој систем е човекот, кој постојано треба да учи и да се надоградува (но и да се потсетува) дека сепак безбесноста на самата компанија е во рацете на секој еден член на тимот. Се надевам на успешна примена на нвите знаења и се гледаме во некоја следна прилика.“ – Теодора од компанија Astibo Fashion Group, Штип
„Одлична сесија да ги унапредам знаењата како мојата копанија да биде безбедна онлајн. Менторот ми ги разјасни ризиците но и ми предложи мерки кои треба да ги имплементираме за да ги намалиме истите. На моите колеги им го препорачав Квизот за сајбер безбедност и тренинг модулите – супер се!“ – Баже од компанија „Контура“, Скопје
„Стравував за тоа како ќе се справиме со ризиците кога ја отворивме нашата онлајн продавница, какво влијание би имале истите врз нашето работење. На социјалните медиуми видов објава дека здружението Подготвеност за Европа преку негов проект нуди можност преку пополнување на едноставен парашалник да ги идентификува ризиците но и да ми изготви план за справување со нив. Дури имав избор да се пријавам на менторска сесија со сајбер експерт. Сесијата ми ги надмина очекувањата,експертот многу ми помогна. Сега веќе сум сигурна дека мерките кои почнав да ги преземам, по сугестија на експертот, ќе ми ги намалат сајбер ризиците на компанијата.Благодарност до тимот и сајбер експертот“ – Дејанка од компанија „Сторибокс анд тојс“, Скопје
„Ние не сме голема компанија, но сега знам дека и ние сме изложени на ризици кога работиме он лајн. Искуството што го стекнав на менторската сесија ќе го пренесам на моите колеги. И мерките кои ми ги посочи сајбер експертот ќе ги преземеме што поскоро. Добро е што на веб страната на здружението има информации на оваа тема, па кога и да сум во можност ќе се присетам за тоа што ме интересира за да мојата компанија биде сајбер безбедна“ – Маја од компанија „Дермаестетика“, Скопје