ПЕ воведува систем за управување со квалитет според ИСО9001:2015
Нашето здружение го унапредува своето работење преку воведување на систем за управување со квалитет според ИСО9001:2015.
Во текот на летните месеци на неколку работни средби со нашите членови дефиниравме бизнис процес модел. До крајот на оваа година ќе изработиме процедури кои ќе обезбедат квалитет во:
– Управување со внатрешните процеси во нашето здружение,
– Испораката на услуги спрема нашите клиенти
– Комуникацијата со нашите партнери, соработници, донатори,
– Професионалниот развој на нашите членови
Низ целиот процес на воведување на Систем за управување со квалитет според ИСО9001:2015 нѐ води експерт од Т&П Консалтинг.