На 27.05.2021г. се одржа обуката за ментори за имплементација на модули кои се на тема „Сајбер безбедност за стари лица“, на која присуствуваа вработени од 10 Домови за стари лица од сите региони на Република Северна Македонија, кои ќе им помагаат на старите лица да научат како безбедно да комуницираат и да го користат Интернетот.
Овие проектни активности се дел од проектот Сајбер безбедност и заштита на стари лица и тинејџери, финансиран од U.S. Embassy North Macedonia. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.