Information

За стари лица

Во рамките на проектот подготвивме Водич за имплементација на модули за работа со стари лица кој им служи како алатка на менторите, кои во месец мај пристуствуваа на еднодневната обука и беа обучени да ги едуцираат старите лица во шест Домови на темата како да се заштитат кога се активни на интернет.

Документите од обуката може да ги најдете на следниве линкови:

Обука за ментори за стари лица

Водичот за имплементација на модули во областа на Сајбер безбедност е наменет и за сите оние кои сакаат да им помогнат на старите лица во процесот на учење и стекнување вештини и знаења за тоа како да останат безбедни кога користат дигитални алатки на Интернет.

Водичот може да го најдете на: Водич за имплементација на модули за работа со стари лица

Како дел од тренинг модулите кои ќе ги најдете во Водичот, подготвивме едукативни видеа кои може да ги проследите на следниве линкови:

Модул 1: Заштита на вашиот уред

Модул 2: Безбедно користење на интернет

Модул 3: Безбедно на социјални мрежи

Модул 4: Безбедно купување онлајн и измами

Модул 5: Безбедно на Интернет

Соработуваме со следниве Приватни установи за социјална заштита на стари лица:

  1. ПУСЗ Шелтер за домување „Резиденција Дабески“ – Скопје
  2. ПУСЗ „Жана-С“ – Скопје
  3. ПУСЗ „Вера“ – Скопје
  4. ПУСЗ „Идила Терзиева“ – Скопје
  5. ПУСЗ „Хармонија“ – Скопје
  6. ПУСЗ „ДОМ-ЖАНА“ – Неготино