CET

Сајбер безбедност и заштита на стари лица и тинејџери

Проектот „Сајбер безбедност и заштита на стари лица и тинејџери е насочен кон зголемување на свеста и компетентноста кај тинејџерите и старите лица за сајбер безбедност од можните Интернет закани со кои се соочуваат во нивниот секојдневен живот. Преку спроведување на овој проект се зголемува компетентноста на старите лица и на тинејџерите за безбедно користење на интернетот. За повеќе информации за проектните активности за старите лица и за тинејџерите можете да се информирате подолу.

  • Анализа на најдобри пракси

    Тимот на Подготвеност за Европа работеше на Анализа за најдобри пракси за обука за стари лица и училишни наставни програми за сајбер безбедност и заштита на тинејџерите. Од тука се земаа најдобрите пракси за модул – обука за стари лица и онлајн игра за тинејџери за сајбер безбедност, како резултати на проектот Сајбер безбедност и заштита за стари лица и тинејџери, финансиран од Амбасадата на САД на Република Северна Македонија.

    Анализата може да ја најдете тука: Анализа за најдобри пракси за менторство на стари лица и тинејџери

  • За тинејџери
    Како дел од проектот ЦЕТ, ја имаме едукативната игра за тинејџери Сајбер Лило, која е наменета за едукација на тинејџери на тема сајбер безбедност. Со цел нашите тинејџери полесно да ги совладаат овие теми и лесно да ја користат апликацијата Сајбер Лило, го избравме пристапот нивните наставници да ги менторираат и да ги поддржуваат во процето на учење преку играње.
     
    Во месец април огранизиравме една онлајн обука на која присуствуваа наставниците, играта им беше претставена и се обучија за менторство на темата сајбер безбедност кај тинејџери преку гејмификација.
     
    This image has an empty alt attribute; its file name is 177783133_2235579446572102_3304483478372713403_n-1024x473.jpg
    Обука за ментори за тинејџери
     
    Материјалите од обуката може да ги најдете на следниве линкови:

    За поддршка во нивната работа, менторите го користат Водичот за имплементација на модули достапен на следниов линк: Водич за имплементација на модули за тинејџери

    Едукативната игра е достапна на Play Store, спремна за инсталација:
     
     
    Сајбер Лило е едукативна онлајн игра наменета за тинејџери на возраст од 12 до 18 години, за да научат како да ги идентификуваат главните ризици на кои се изложени кога комуницираат онлајн.
    „Сајбер Лило“ го доби своето име од маскотата – вонземјанинот Лило. Ако одговорите точно на прашањето, Лило е среќен, инаку изгледа луто.
     
    This image has an empty alt attribute; its file name is untitled-design-5-1.png
                                                  
    Преку игра и на забавен начин, учениците можат лесно и со поголем интерес да ја совладаат темата за сајбер безбедност и заштита.
     
    Целосен опис на играта може да видите тука: Опис на едукативната игра „Сајбер Лило“
     
    За реализирање на оваа активност за едукација на тинејџерите, соработуваме со 8 училишта од сите региони на Северна Македонија, каде 10 ментори ги поддржуваат учениците во процесот на учење.
     
    Соработуваме со следниве училишта:
     
    1. ООУ „Ацо Шопов“ – Бутел, Скопје (Скопски регион)
    2. СОУ „Нико Нестор“ – Струга (Југозападен регион)
    3. ООУ „Владо Кантарџиев“ – Гевгелија (Југоисточен регион)
    4. СОУ „Наум Наумовски – Борче“ – Крушево (Пелагонсики регион)
    5. ООУ „Кочо Рацин“ – Кратово (Североисточен регион)
    6. ООУ „Св. Климент Охридски“ – Делчево (Источен регион)
    7. ООУ „Гоце Делчев“ – Свети Николе (Вардарски регион)
    8. ООУ „Гоце Делчев“ – Гостивар (Полошки регион)
     
     
    Забавувајте се и учете!

  • За стари лица

    Во рамките на проектот подготвивме Водич за имплементација на модули за работа со стари лица кој им служи како алатка на менторите, кои во месец мај пристуствуваа на еднодневната обука и беа обучени да ги едуцираат старите лица во шест Домови на темата како да се заштитат кога се активни на интернет.

    Документите од обуката може да ги најдете на следниве линкови:

    Обука за ментори за стари лица

    Водичот за имплементација на модули во областа на Сајбер безбедност е наменет и за сите оние кои сакаат да им помогнат на старите лица во процесот на учење и стекнување вештини и знаења за тоа како да останат безбедни кога користат дигитални алатки на Интернет.

    Водичот може да го најдете на: Водич за имплементација на модули за работа со стари лица

    Како дел од тренинг модулите кои ќе ги најдете во Водичот, подготвивме едукативни видеа кои може да ги проследите на следниве линкови:

    Модул 1: Заштита на вашиот уред

    Модул 2: Безбедно користење на интернет

    Модул 3: Безбедно на социјални мрежи

    Модул 4: Безбедно купување онлајн и измами

    Модул 5: Безбедно на Интернет

    Соработуваме со следниве Приватни установи за социјална заштита на стари лица:

    1. ПУСЗ Шелтер за домување „Резиденција Дабески“ – Скопје
    2. ПУСЗ „Жана-С“ – Скопје
    3. ПУСЗ „Вера“ – Скопје
    4. ПУСЗ „Идила Терзиева“ – Скопје
    5. ПУСЗ „Хармонија“ – Скопје
    6. ПУСЗ „ДОМ-ЖАНА“ – Неготино