Information

Инклузивно општество

Нашето здружение е посветено на создавање на инклузивно општество во кое секоја личност има можност да го изрази своето мислење, да биде третирана со почит и да биде рамноправна членка на заедницата во која живее. Затоа, Здружението Подготвеност за Европа е посветено на создавање на овозможувачка околина во која сите ќе се чувствуваат слободни да дадат сѐ од себе.

Во овој делокруг на дејствување, главниот фокус се посветува на спроведување на едукативни и информативни активности, како и на активности за подигнување на свеста кај децата и младите за проблемот со меѓуврсничко насилство.