Доделување на сертификати во рамки на проектот „Активни во дигиталното доба“
Со завршна свеченост и доделување на сертификати за активно учество на обуките за стекнување дигитални вештини и онлајн безбедност и заштита беше обележано завршувањето на активностите од проектот „Активни во дигиталното доба” поддржан од Градот Скопје.
44 пензионери, членови на Здруженијата на пензионери од општината Центар и „Солидарност – Аеродром“ од општината Аеродром во период октомври 2023– ноември 2023, ги проследија обуките и се стекнаа со знаења и вештини за управување со нивните паметни уреди и безбедно присуство на интернет.