Завршен настан за доделување на сертификати во рамки на проектот Дигитални граѓани на Општина Гази Баба
Со завршна свеченост и доделување на сертификати за активно учество на обуките за стекнување дигитални вештини и онлајн безбедност и заштита беше обележано завршувањето на активностите од проектот „Дигитални граѓани на Општина Гази Баба” поддржан од Општина Гази Баба.
13 пензионери, членови на Здружението на пензионери од општината, во период октомври 2024 – ноември 2024, ги проследија обуките и се стекнаа со знаења и вештини за управување со нивните паметни уреди и безбедно присуство на интернет.