Успешно спроведена работилницата за ментори за стари лица
На 30.09.2021г. ја одржавме работилницата за ментори за стари лица кои овој месец ќе работат со старите лица во 5 домови во Скопје, и ќе ги поддржуваат при нивното учење за тоа како да пребаруваат онлајн и да користат дигитални алатки за забава на интернет.
Работилницата помина успешно и менторите се спремни да продолжат со нивната работа за едукација на старите лица на тема нивно дигитално описменување.
Овие активности се дел од проектот „Активно стареење преку дигитална вклученост“, поддржан од Град Скопје.