Теренска посета на Установите за социјална заштита на стари лица вклучени во проектните активности на ПЕ
Минатата недела беа реализирани теренски посети од проектниот тим на Подготвеност за Европа на четири Установи за социјална заштита на стари лица кои се вклучени во активностите на проектот „Дигитална интеграција за активно стареење“ подржан од Градот Скопје. Целта на посетата беше директно да се поразговара со корисниците, старите лица, за нивните искуства и стекнатите знаења од новите Модули во рамки на Програмата за дигитално описменување на старите лица.
Истовремено и менторите ги споделија своите искуства и предизвици со кои се соочуваат во текот на имплементацијата на работилниците со старите лица.