На 17-ти август, четврток, Подготвеност за Европа склучи меморандум за соработка со Здруженијата на пензионери од општините Центар и Аеродром во рамки на проектот „Активни во дигиталното доба“ финансиски подржан од Град Скопје.
Со овој Меморандум се утврдува рамката во која се реализира соработката помеѓу потписниците за работи од заеднички интерес, базирани на заемно искористување на професионалните услуги на двете страни насочени кон унапредување на едукативните, истражувачките и активностите кои ќе бидат имплементирани во рамки на организациите, а со посебен акцент на инклузија на старите лица, почитувајќи ги фундаменталните европски вредности и принципи.