Реализирани менторски сесии за сајбер безбедност во микро и мали бизниси
Во период од 05.08.2021 до 03.09.2021 реализиравме дваесет менторски сесии со нашиот сајбер експерт на темата сајбер безбедност во микро и мали бизниси.
Циклусот сесии беа успешно спроведени, каде менаџерите во микро и малите бизниси се едуцираа за сајбер безбедност и добија многу корисни совети и препораки за тоа како да се заштитат додека работат онлајн.
Овие активности се дел од проектот „Поддршка за сајбер безбедност во микро и мали бизниси“, поддржан од U.S. Embassy North Macedonia. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите /авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.