Прекрасна работна атмосфера и многу позитивна енергија на вчерашната работилница помеѓу тимот на ПЕ и менторите кои ќе продолжат да работат на дигитално описменување на старите лица. Во текот на овој месец менторите ќе ги поддржат старите лица во 6 домови во Скопје при нивното учење за тоа како лесно да комуницираат електронски, користејки ги достапните дигитални алатки – е-пошта, Skype, Viber и ZOOM.Овие активности се дел од проектот „Дигитална интеграција за активно стареење“, финансиски поддржан од Град Скопје