Информација
- Почетна
- Информација
Заедно сме посилни во дигиталниот свет
Име на проектот: Заедно сме посилни во дигиталниот свет Поддржан од: Механизмот за граѓанска отпорност на ЕУ (МГО), програма за директна поддршка на граѓанските организации во рамките на проектот финансиран од ЕУ: Tехничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија. Времетраење / период: 03.07.2023-02.01.2024 Главната цел на овој проект е социјална инклузија на старите лица во современото дигитално општество. Специфичната цел е зголемување на процентот на стари лица за дигитална писменост преку реализирање на активности за стекнување и унапредување на основните дигитални вештини од страна на обучени ментори. Ова пак, ќе придонесе кон социјална интеграција на старите лица во дигиталното општество и нивно активно стареење
Проектни активности: А1. Подготвителни активности А2. Обука на ментори за работа со пензионери А3. Имплементација на Програмата за дигитална писменост за стари лица и Модули за сајбер безбедност и заштита А4. Организација и имплементација на 8 натпревари за дигитални вештини за пензионерите А5. Мониторинг и извештај за активностите и А6. Промоција на активностите.
Проектни резултати: Р1. 8 млади волонтери обучени како ментори за стари лица Р2. 160 пензионери ќе се стекнат со основни дигитални вештини и знаења за тоа како да се биде безбеден на интернет Р3. Подготвени материјали за обука на ментори Р4. Спроведена обука за ментори Р5. Подготвен план и материјали за имплементација за обуки за стари лица Р6. Спроведена Програмата за дигитална писменост за стари лица и Модули за сајбер безбедност и заштита, пензионери кои ги поседуваат здруженијата на пензионери во 8 општини во Република Македонија P7. Јавноста е информирана за текот на имплементацијата на проектните активности преку објави на социјални медиуми P8. Подготвени материјали за натпреварите P9. Спроведени натпревари за пензионерите
|