Информација
- Почетна
- Информација
Со дигитална писменост до активно стареење
Име на проектот: Со дигитална писменост до активно стареење Поддржан од: Црвен крст на Република Северна Македонија Времетраење / период: 06.10.2022 – 31.07.2023 Главната цел: Зајакнување на отпорноста на постарите лица за време на КОВИД-19 и идни катастрофи Специфичната цел: Зголемување на процентот на дигитално описменети стари лица преку реализирање на активности за стекнување и унапредување на основни дигитални вештини од страна на предходно обучени ментори. Ова ќе придонесе кон социјална интеграција на старите лица во дигиталното општество и нивно активно стареење. Проектни резултати: Р1: 80 Стари лица, пензионери стекнале основни дигитални вештини и знаења како да бидат безбедни на интернет. Тие ја користат информатичката технологија многу почесто за да се здобијат со информации за услуги и да учествуваат во заедницата и општествениот живот Р2: Подготвен план и материјали за спроведување на обуките за стари лица Р3: Реализирана Програмата за дигитално описменување и Модули за сајбер безбедност на стари лица, пензионери кои ги посетуваат Клубовите на четири Здруженија на пензионери во Град Скопје Р4:Јавноста е информирана за текот на спроведување на проектните активности преку објави на социјалните медиуми
|