Информација
- Почетна
- Информација
Едукативен клуб Импакт
Име на проектот: Едукативен клуб Импакт Поддржан од: ФИТР Времетраење / период: 12 месеци, 15 јуни 2022 – 15 јуни 2023 Визијата на ЕК Импакт е создавање на општество со еднакви можности за сите и е во корелација во визијата на здружението, основач – Подготвеност за Европа. Таа се заснова на универзалните принципи на граѓанско општество и партиципативна демократија, владеење на правото, урамнотежен и одржлив социо-економски развој, ненасилство, почитување и меѓусебна зависност и културна разновидност. Мисијата е насочена кон интеграција и социјална инклузија на ранливите групи на лица (повозрасни лица, невработени, лица со ниски примања итн.) во општествениот живот преку овозможување на работен ангажман во образовниот процес на децата Како дополнителна вредност на услугите кои ги нуди ЕК Импакт е тоа што дел од стекнатите приходи во првата година ќе се реинвестира во давање услуги кои ќе бидат едукативна поддршка на деца од социјално ранливи категории (еднородителски семејства, семејства со мали месечни примања итн.) Главната цел на ЕК Импакт е да се креира нов, иновативен и инклузивен модел за едукација и спроведување образовни активности. Специфични цели: Ц1. Да се зголеми интеграција на повозрасните лица во општествениот живот преку нивен работен ангажман во образовниот процес на децата; Ц2. Да се зголеми стапка на вработеност кај повозрасните лица и Ц3. Да се понудат алтернативни и финансиски прифатливи образовни услуги |