Информација
- Почетна
- Информација
Дигитална интеграција за активно стареење
Име на проектот: Дигитална интеграција за активно стареење Поддржан од: Град Скопје Времетраење / период: 1.06.2022-30.11.2022 Главната цел на овој проект е социјална инклузија на старите лица во современото дигитално општество. Специфичната цел е зголемување на процентот на стари лица за дигитална писменост преку реализирање на активности за стекнување и унапредување на основните дигитални вештини од страна на обучените ментори. Ова пак, ќе придонесе кон социјална интеграција на старите лица во дигиталното општество и нивно активно стареење Проектни активности: А1. Развој на модули од програмата за дигитално описменување на старите лица А2. Формирање на тим на ментори за работа со стари лица А3. Подготовка за обука на ментори A4. Спроведување на обука на тимот на ментори А5. Имплементација на програмата за дигитално описменување на стари лица А6. Подготовка на натпревар за старите лица А7. Реализација на натпреварот за старите лица А8. Следење и известување за активностите А9. Промоција на активностите Проектни резултати: Р1. Развиени дополнителни модули за дигитално описменување Р2. Формиран тим на ментори Р3. Реализирани работилници со тимот на ментори за презентација на модулите и координација Р4. Реализирана програмата за дигитално описменување на стари лица кои се сместени во установите за стари лица Р5. Реализиран натпревар помеѓу обучените стари лица кои се сместени во различни установи вклучени во активностите Соработници:
|