Информација
- Почетна
- Информација
Активни во дигиталното доба
Име на проектот: Активни во дигиталното доба Поддржан од: Град Скопје Времетраење / период: 01.07.2023 – 30.11.2022 Главната цел на овој проект е социјална инклузија на старите лица во современото дигитално општество. Специфичната цел е зголемување на процентот на стари лица за дигитална писменост преку реализирање на активности за стекнување и унапредување на основните дигитални вештини од страна на обучени ментори. Ова пак, ќе придонесе кон социјална интеграција на старите лица во дигиталното општество и нивно активно стареење
Проектни активности: А1. Подготовка и спроведување на обука за координаторите од Здруженија на пензионери, идни ментори А2. Имплементација на Програмата за дигитално описменување на стари лица и Модулите за интернет безбедност и заштита А3. Следење и известување за активностите А4. Промоција на активностите
Проектни резултати: Р1. Подготвен план и материјали за спроведување на обуки за ментори Р2. Спроведена работилница за тимот на координатори, идни ментори Р3. Реализирана Програма за дигитално описменување на стари лица и Модули за интернет безбедност и заштита за пензионери членови на Здруженијата на пензионери во Општина Центар и Општина Аеродром (до 80 стари лица) Р4. Реализирани работилници за размена на искуства и знаења, и доделување на благодарници на учесниците / пензионерите Р6. Јавноста е информирана за текот на спроведување на проектните активности преку месечни објавувања на социјалните медиуми Соработници:
|