Информација
- Почетна
- Информација
Преку игри до дигитални вештини – финален извештај
Во периодот од 1 март до 31 декември здружението Подготвеност за Европа го спроведе грант проектот „Преку игри до дигитални вештини“, финансиски поддржан од град Скопје во рамки на нивната Годишна програмата за активности во областа на социјална, детска и здравствена заштита за 2020 година и во рамки на еден од дефинираните приоритетите, и тоа: „Општествено вклучување и социјални услуги за ранливи категории на граѓани“. Спроведувањето на проектните активности се одвиваше со мали модификации во однос на дефинирање на целната група и директните корисници, поради пандемијата со Ковид, но сепак беа постигнати предвидените резултати и беше постигната основната цел и специфичните цели. Задоволството на целната група и директните корисници ја потврдуваат успешната реализација на проектните активности. Согласно одобрениот буџет од 300.000 денари беа спроведени планираните проектни активност и беа постигнати проектните резултати кои ПЕ ги постави пред себе со цел подобрување на квалитетот на живот на старите лица на возраст од 65+ и нивно вклучување во современото дигитално општество, преку стекнување основни познавања и вештини за користење модерни дигитални уреди – таблети и „паметни“ телефони. |