Потпишан договор за проектот „Со дигитална писменост до активно стареење“
На 06.10.2022 година во просториите на Црвениот крст на Република Северна Македонија Подготвеност за Европа, заедно со уште 9 граѓански организации, потпиша договор за поддршка на проектни активности од областа на социјална инклузија на постарите лица.
Проектот кој ќе го спроведува Подготвеност за Европа „Со дигитална писменост до активно стареење“ е дел проектот „Зајакнување на отпорноста на стари лица и лица со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи“ и е поддржан од Црвен крст на РСМ, Европска Унија, Црвен крст на Србија, Австриски Црвен крст и Австриска агенција за развој.
Проектните активности се со времетраење од 10 месеци и планирано е да завршат до 31 јули 2022 година.