Почеток на проектот „Активно стареење преку дигитална вклученост“
Започнуваме со работа на проектот „Активно стареење преку дигитална вклученост“!
Овој проект претставува продолжување на нашиот минатогодишен проект „Дигитални вештини за стари лица“, поддржан од Град Скопје, вклучувајќи надоградување на програмата за дигитална писменост со нови два модули кои ќе им помогнат на старите лица да се запознаат со социјалните мрежи и полесно да функционираат и комуницираат онлајн.
Откако минатата година старите лица во неколку Домови во Скопје ги поминаа обуките за дигитална писменост преку седум модули кои им беа навистина корисни, тие покажаа интерес за надоградување на програмата и подготовка на уште два модули кои ќе имаат можност да ги проследат во наредниов период