Започнуваме со реализација на активностите на проектот „Активни во дигиталното доба“ поддржан од Градот Скопје.
Со предложените проектни активности кои ќе траат до крајот на ноември оваа година, ќе се опфатат стари лица, активни пензионери од две Здруженија на пензионери од две општини (Општина Центар и Општина Аеродром) на територија на градот Скопје. Во насока на реализација на целите на проектот, пензионерите ќе поминат низ неколкунеделна обука за дигитална писменост и интернет безбедност и заштита.