Како дел од овој #cybersecuritymonth, Подготвеност за Европа организира различни активности со цел да се подигне свеста за сајбер безбедноста и е-приватноста кај пошироката јавност, а поспецифично тинејџерите, младите, вработените и постарите лица.
Во текот на овој месец ќе ги спроведуваме следниве активности:
-Кампања на социјалните мрежи за подигнување на свеста за сајбер безбедност и е-приватност
-Имплементација на модули за дигитална писменост за стари лица (дел од нашиот тековен проект „Активно стареење преку дигитална вклученост“
-Работилница за сајбер безбедност и е-приватност кај тинејџери, во ОУ „Ацо Шопов“ – Скопје