Официјализрана соработка помеѓу ПЕ и неколку општински здруженија на пензионери
Во период август – септември Подготвеност за Европа склучи меморандуми за соработка со 7 Здруженија на пензионери од општините Струга, Битола, Гостивар, Кавадарци, Куманово, Струмица, Велес и со Црвениот крст на град Скопје.
Со Меморандумот за соработка се официјализира соработката помеѓу потписниците во рамки на проектот „Заедно сме појаки во дигиталниот свет“, имплементиран преку програмата за поддршка во вид на Механизмот за цивилна отпорност на ЕУ (CRM).