Одржан натпревар во рамки на проектот „ Дигитална интеграција за активно стареење“
Со натпревар помеѓу тимовите на Установите за социјална заштита на стари лица, официјално завршија активностите на проектот „Дигитална интеграција за активно стареење“ поддржан од Градот Скопје. Во напреварувачка и забавна атмосфера старите лица ги покажаа и докажаа стекнатите дигитални вештини на темите од областа на електронска пишана и видео комуникација.
За најдобриот тим, како прва награда беше обезбеден дигитален уред таблет.