Обуки за дигитална писменост во рамки на проектот „Заедно сме посилни во дигиталниот свет“
Започнаа обуките за стари лица за стекнување знаења и вештини за самостојно и безбедно користење на паметни уреди во рамки на проектот „Заедно сме посилни во дигиталниот свет“, имплементиран преку програмата за поддршка во вид на Механизмот за цивилна отпорност на ЕУ (CRM). Обуките ќе се реализираат во периодот октомври – декември во просториите на Здруженијата на пензионери во Струга, Скопје, Битола, Гостивар, Кавадарци, Куманово, Струмица и Велес.