Во рамки на проектот „Заедно сме посилни во дигиталниот свет“, имплементиран преку програмата за поддршка во вид на Механизмот за цивилна отпорност на ЕУ (CRM) , во рамките на проектот финансиран од ЕУ „Техничка помош за подобрување на поволната средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“ беше реализирана обука за ментори за пензионери. Менторите, во претстојниот период ќе им помогнат на пензионерите од својот град да стекнат дигитални вештини и полесно да управуваат со своите паметни уреди работејќи согласно Програмата за дигитално описменување на стари лица и Модулите за сајбер безбедност изработени од страна на нашето здружение.
Дводневната обука беше реализирана во Струга, во хотел „Солферино“ на 28ми и 29ти септември. Со знаења и вештини за работа со пензионерите се стекнаа 8 млади лица, активни волонтери во Црвениот крст на Република Северна Македонија.