Иницијална средба со ментори во рамки на проектот „Со дигитална писменост до активно стареење“
На 09.12.2022 година беше реализирана иницијална средба со групата обучени ментори за работа со стари лица, кои во периодот од јануари 2023 до мај 2023 ќе работат со пензионерите од неколку Здруженија на пензионери во Град Скопје и ќе им помогнат да стекнат дигитални вештини и знаења како да бидат безбедни на интернет.
На состанокот, на менторите им беа претставени активностите на проектот, временската рамка за реализација и проектираните резултати, а воедно беа договорени и усвоени наредните чекори за реализација.
Овие активности се реализираат во рамки на проектот „Со дигитална писменост до активно стареење“, поддржан од Црвениот Крст на Република Северна Македонија.