„Дигиталната платформа како основна алатка за комуникација на едукаторите со родителите и учениците“ – насловен состанокот кој се одржа на 21 декември 2022 помеѓу ЕК Импакт и тимот на едукаторите.
ЕК Импакт склучи Договори за времен ангажман со 15 едукатори кое се приклучија на тимот на едукативниот клуб. Прв чекор во официјалната соработка беше учество на состанокот за чие време тимот на едукатори се запозна со функционалностите на дигиталната платформа. Секој од едукаторите со поддршка од ЕК Импакт креираше свој кориснички профил преку кој ќе ја остварат директната комуникација со родителите и учениците кои имаат потреба од користење на услугите кои се дел од понудата.