Драги тинејџери, САЈБЕР ЛИЛО ИГРАТА е достапна на PLAY STORE!
Може да ја спуштите на вашиот телефон и спремни сте за едукација преку игра!
Сајбер Лило е едукативна онлајн игра наменета за тинејџери на возраст од 12 до 18 години, за да научат како да ги идентификуваат главните ризици на кои се изложени кога комуницираат онлајн.
„Сајбер Лило“ го доби своето име од маскотата – вонземјанинот Лило. Ако одговорите точно на прашањето, Лило е среќен, инаку изгледа луто.
Преку игра и на забавен начин, учениците ќе можат лесно и со поголем интерес да ја совладаат темата за сајбер безбедност и заштита.
Линк до Play Store: https://play.google.com/store/apps/details?id=com.cyber.lilo
Забавувајте се и учете!
Едукативната игра е дел од проектот Сајбер безбедност и заштита на стари лица и тинејџери, финансиран од U.S. Embassy North Macedonia. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.