Нашата едукативна игра Сајбер Лило ја изиграа повеке од 300 ученици од основните и средните училишта од сите региони на Македонија. Добивме повеќе позитивни коментари од менторите кои ги имплементираа модулите за сајбер безбедност преку играта Сајбер Лило дека учениците со голем интерес ја играа играта и стекнаа поголемо знаење за сајбер безбедноста.
Најдобрите ученици добија награди, а останатите ученици добија пофалници за нивното активно учество на дополнителните часови по Информатика, за стекнување на знаења за сајбер безбедност, преку играта Сајбер Лило.