Информација
- Почетна
- Информација
#cybersecmonth – Сајбер безбедност кај тинејџери!
Денес, Сајбер Лило беше на дружба во Ооу Ацо Шопов, да ги провери знаењата на учениците за сајбер безбедност и е-приватност! Во изминатото полугодие, учениците од ОУ Ацо Шопов од Скопје, преку проектот „Сајбер безбедност и заштита на стари лица и тинејџери“, поддржан од U.S. Embassy North Macedonia, на часот по информатика учеа за сајбер безбедност во нивната онлајн комуникација, преку едукативната игра Сајбер Лило. На денешната работилница на тема „#cybersecmonth – Сајбер безбедност кај тинејџери“, преку квиз и натпревар со учениците, го проверивме знаењето кое го стекнаа и се потсетивме на најважните безбедносни мерки кои треба да ги применуваат при нивната онлајн комуникација. Учениците успешно ги одговорија сите прашања и на крајот тројцата најдобри си добија награди од Сајбер Лило! Тагови: cybersecmonth, cybersecuritymonth, thinkB4Uclick |