CSME

Подршка за сајбер безбедност во микро и мали фирми

Целта на проектот „Поддршка за сајбер безбедност во микро и мали претпријатија“, поддржан од Амбасадата на САД во Северна Македонија, е да се зголеми употребата на мерки за сајбер безбедност и да се подобри однесувањето во микро, мали и средни претпријатија, во врска со овој важен дел на работа. Со цел подигање на свеста и знаењето за основна заштита и сајбер-безбедност, нашата целна група не се само вработените и менаџерите во микро и малите претпријатија, туку и пошироката публика преку спроведена кампања на социјалните медиуми. Затоа, без разлика дали сте индивидуа, вработен или менаџер заинтересиран за сајбер-безбедност, следете ги линковите подолу и видете како можете да ја подобрите вашата работа во врска со оваа важна тема. За поединци препорачуваме Квиз за сајбер безбедност за микро и мали претпријатија. За менаџерите и вработените, препорачуваме Сајбер ризик за микро и мали претпријатија. Следно, можете да ги следите модулите за обука и менторските сесии.
  • Сајбер ризици во микро и мали бизниси

    Истражувањето за сајбер ризици во микро и мали претпријатија е проценка на сајбер ризик која ќе идентификува каде може да се подобри работата на претпријатијата во врска со сајбер-безбедноста.

    Затоа, доколку сте вработен или менаџер во микро/мала фирма и сакате да знаете кои се сајбер ризиците во вашето работење, ви препорачуваме да го проследите нашиот прашалник за проценка на сајбер ризици во работењето.

    Тоа ќе ви помогне во мерењето на ризиците на кои е изложена вашата компанија и ќе ви даде специфични упатства за следење на различни модули за обука и менторски сесии кои ќе ви помогнат да ја подобрите вашата работа во врска со безбедност и заштита кога работите на интернет.

    Прашалникот за проценка на Сајбер ризик во микро и мали бизниси, заедно со целосно упатство за следни чекори, може да го најдете на следниот линк.

  • Квиз за сајбер безбедност во микро и мали претпријатија
    Главната цел на Квизот за сајбер безбедност за микро и мали претпријатија е да ги измери основните познавања за сајбер заштита и безбедност кај пошироката публика и да ги идентификува заинтересираните микро и мали фирми кои сакаат да се едуцираат на темата. Затоа, ако сте индивидуа или вработен и ве интересира да видите колку знаете за сајбер безбедноста, како да бидете дополнително заштитени, да добиете совети и упатства за следни чекори, ве советуваме да го проследите квизот. Квизот е поделен на 10 дела (страници) кои ги опфаќаат сите аспекти на сајбер безбедност и заштита на работното место. За да одговорите на квизот, следете го овој линк.
  • Менторски сесии
  • Тренинг модули
    Првите четири тренинг модули, како дел од активностите од овој проект, се објавени на нашиот YouTube канал Readiness for Europe. Можете да ги проследите на следниве линкови: