CSME

Поддршка за сајбер безбедност во микро и мали фирми

Целта на проектот „Поддршка за сајбер безбедност во микро и мали претпријатија“, поддржан од Амбасадата на САД во Северна Македонија, е да се зголеми употребата на мерките за сајбер безбедност и да се подобри однесувањето во микро и малите претпријатија, во врска со овој важен дел на работа.

Со цел подигање на свеста и знаењето за основна заштита и сајбер-безбедност, нашата целна група не се само вработените и менаџерите во микро и малите претпријатија, туку и пошироката публика преку спроведена кампања на социјалните медиуми.

Затоа, без разлика дали сте индивидуа, вработен или менаџер заинтересиран за сајбер-безбедност, следете ги линковите подолу и видете како можете да ја подобрите вашата работа во врска со оваа важна тема.

За поединци препорачуваме Квиз за сајбер безбедност за микро и мали претпријатија.
За менаџерите и вработените, препорачуваме Сајбер ризик за микро и мали претпријатија.

Следно, можете да ги следите модулите за обука на оваа тема или/и да закажете менторска сесија со наш експерт за сајбер безбедност.

  • Сајбер ризици во микро и мали бизниси

     

    Истражувањето за сајбер ризици во микро и мали бизниси е проценка на сајбер ризик која ќе идентификува каде може да се подобри работата на претпријатијата во врска со сајбер-безбедноста.

    Проценката ќе ви помогне во мерењето на ризиците на кои е изложена вашата компанија и ќе ви даде специфични упатства за следење на различни модули за обука и менторски сесии кои ќе ви помогнат да ја подобрите вашата работа во врска со безбедност и заштита кога работите на интернет.

    Доколку сте вработен или менаџер во микро или мала фирма и сакате да знаете кои се сајбер ризиците во вашето работење, ви препорачуваме да го проследите Прашалникот за проценка на Сајбер ризик во микро и мали бизниси на следниот линк.

     

  • Квиз за сајбер безбедност во микро и мали бизниси

     

    Главната цел на Квизот за сајбер безбедност за микро и мали бизниси е да ги измери основните познавања за сајбер заштита и безбедност кај пошироката публика и да ги идентификува заинтересираните микро и мали фирми кои сакаат да се едуцираат на темата.

    Затоа, ако сте индивидуа или вработен и ве интересира да видите колку знаете за сајбер безбедноста, како да бидете дополнително заштитени, да добиете совети и упатства за следни чекори, ве советуваме да го проследите квизот.

    Квизот е поделен на 10 дела (страници) кои ги опфаќаат сите аспекти на сајбер безбедност и заштита на работното место.

    За да одговорите на квизот, следете го овој линк.

  • Менторски сесии

     

    Менторските сесии се индивидуални (ментор-компанија) и се наменети за сите микро и мали компании кои се заинтересирани да бидат водени од ментор- експерт за сајбер бебедност,  во процесот на имплементација на мерките за намалување на сајбер ризиците на нивната компанија.

    Тие траат околу два часа и со одржуваат со ментори кои се искусни професионалци и зад себе имаат повеќегодишно искуство во областа за сајбер безбедноста и заштитата.

    Менторирањето опфаќа:

    • Толкување и објаснување на ИЗВЕШТАЈОТ за оценка на ризиците со идентификација на клучните ризици со кои се соочува вашата компанија и ПЛАНОТ за справување со истите
    • Помош околу имплементација на мерките за намалување на сајбер ризиците на вашата компанија.

     

    ШТО РЕКОА УЧЕСНИЦИТЕ ЗА МЕНТОРСКИТЕ СЕСИИ..

     

    „Факт е дека развојот на информатичкото општество со себе носи многу предизвици и ризици во сајбер просторот. Справувањето со тие ризици е комплексен проблем за бизнис ентитетите, кои стануваат се посвесни дека ризиците во сајбер просторот треба навремено да се детектираат и да се преземат мерки за нивно управување.  Менторската сесија која ја нуди проектот е одлична можност за микро и малите претпријатија да се стекната со знаења и вештини за препознавање на сајбер ризиците во своето работење, и преку анализа на своето работење во сајбер просторот да креираат мерки за заштита од ризици и справување со предизвиците“ –  Марина од компанија „Тошески- ИЗ Соња Тошеска, Прилеп

     

    „Ви благодарам многу на укажаната можност за надоградување. Минатата недела ги прегледваме видеата и направив мала презентација на мојот тим, како би им ги доловила уште еднаш приоритетните работи кои што мораме да ги промениме како би се зајакнала нашата безбедност. На менторската сесија добив некои смерници и препораки кои што и самата до сега не сум ги користела. Посебно ми се интересни „триковите„ како да се направи силен пасворд, но да биде лесен за паметење, но и насоките колку често/што треба да менуваме. И покрај тоа што компјутерите се супер алатки, не смееме да заборавиме дека највулнарабилната алка во целиот овој систем е човекот, кој постојано треба да учи и да се надоградува (но и да се потсетува) дека сепак безбесноста на самата компанија е во рацете на секој еден член на тимот. Се надевам на успешна примена на нвите знаења и се гледаме во некоја следна прилика.“Теодора од компанија Astibo Fashion Group, Штип

     

    „Одлична сесија да ги унапредам знаењата како мојата копанија да биде безбедна онлајн. Менторот ми ги разјасни ризиците но и ми предложи мерки кои треба да ги имплементираме за да ги намалиме истите. На моите колеги им го препорачав Квизот за сајбер безбедност и тренинг модулите – супер се!“Баже од компанија „Контура“, Скопје

     

    „Стравував за тоа како ќе се справиме со ризиците кога ја отворивме нашата онлајн продавница, какво влијание би имале истите врз нашето работење. На социјалните медиуми видов објава дека здружението Подготвеност за Европа преку негов проект нуди можност преку пополнување на едноставен парашалник да ги идентификува ризиците но и да ми изготви план за справување со нив. Дури имав избор да се пријавам на менторска сесија со сајбер експерт. Сесијата ми ги надмина очекувањата,експертот многу ми помогна. Сега веќе сум сигурна дека мерките кои почнав да ги преземам, по сугестија на експертот, ќе ми ги намалат сајбер ризиците на компанијата.Благодарност до тимот и сајбер експертот“Дејанка од компанија „Сторибокс анд тојс“, Скопје

     

    „Ние не сме голема компанија, но сега знам дека и ние сме изложени на ризици кога работиме он лајн. Искуството што го стекнав на менторската сесија ќе го пренесам на моите колеги. И мерките кои ми ги посочи сајбер експертот ќе ги преземеме што поскоро. Добро е што на веб страната на здружението има информации на оваа тема, па кога и да сум во можност ќе се присетам за тоа што ме интересира за да мојата компанија биде сајбер безбедна“Маја од компанија „Дермаестетика“, Скопје

  • Тренинг модули
    Во рамки на овие активностите од проектот, ја подготвивме Програмата за обука за сајбер безбедност за микро и мали компании – документ кој ја опишува структурата на обуката за сајбер безбедност за микро и мали компании. Обуката се реализира преку тренинг модули (претставени подолу), 12 анимирани видеа на македонски јазик.
     
     
    Тренинг модулите, се објавени на нашиот YouTube канал Readiness for Europe, а можете да ги проследите и подолу.

    Модул 0: Запознавање со Лило Компани и СајберКо

    Модул 1: Зошто сајбер безбедност?

    Модул 2: Сајбер хигиена

    Модул 3.1.: Вируси

    Модул 3.2.: „Фишинг“

    Модул 4: Заштита на документи

    Модул 5: Безбедни операции – Софтвер, Мрежа, WiFi

    Модул 6: Безбедност на интернет

    Модул 7: Безбедно работење на далечина и во облак

    Модул 8: Безбедно користење на уреди и преносни медиуми

    Модул 9: ИТ инциденти и континуитет во работењето

    Модул 10: Свесност на вработените за сајбер безбедност

  • Компании – Даватели на ИТ услуги

    Во рамките на проектот, нашиот проектен тим изготви регистар на локални даватели на услуги во областа на ИТ (достапен подолу) кој на сите мали, микро и средни компании во Македонија им нуди податоци за даватели на услуги во областа на ИТ.

    Доколку имате потреба од услуги како:

    • Воспоставување на основен ИТ систем;
    • Дијагноза, сервис и совети за одржување на компјутер/и и ИТ опрема;
    • Решавање на ИТ дефекти и инциденти;
    • Консултација за набавка на нова опрема/сервер/софтвер лиценци и др.

    Побарајте давател на ИТ услуга во нашиот Регистар и стапете во контакт со него. 

     

    Компаниите кои го сочинуваат овој регистар самостојно изразија интерес да бидат дел од истиот и квалитетот на нивните услуги не е проверен од страна на Здружението Подготвеност за Европа и од донаторот. Одговорноста за започнување на деловна соработка со ИТ давател на услуга е во надлежност на самата компанија.

     

    СКОПСКИ РЕГИОН

     

    ARC Skopje
    contact@arc.mk                    
    +389 2 609 26 21
    www.arc.mk
    INNOSMART Skopje
    innosmartsoft@yahoo.com
    +389 70 341 985
    www.innosmart.mk
    CORETEC Skopje
    contact@coretec.com.mk
    +389 2 323 99 77
    www.coretec.com.mk

     

     

    APS Cyber
    maria@agileprosolutions.com
    +389 75 320 707
    www.apscyber.com
    Digit4ALL
    contact@idigit.mk
    +389 70 833 811
    www.innosmart.mk
       
    FoxIT
    contact@foxit.mk                     
    +389 22 460 220
    www.foxit.mk

     

     

     

    INFOVERSE Skopje
    info@infoverse.com.mk          
    +389 70 383 411
    www.infoverse.com.mk
    Go Indigo
    fejzulla@goindigo.mk             
    +389 70 337 345
    www.innosmart.mk

    DIGIKOM Skopje
    info@digikom.mk
    +389 70 276 669
    www.digikom.mk

     

     

     

    INFIGO Skopje             
    info@infigo.mk        
    +389 2 315 12 03
    www.infigo.mk
    BRANSYS
    sales@barnsys.com                 
    +389 2 315 14 04
    www.bransys.com

    EDUSOFT Skopje
    edusoft@edusoft.com.mk
    +389 2 312 73 23
    www.edusoft.com.mk

     

     

     

    CPP Services Skopje          
    filip@t.cpp.mk     
    +389 70 200 321
    www.cpp.mk
    WOLFINET Skopje
    vdojcinovski@wolfinet.com.mk 
    +389 2 203 27 33
    www.wolfinet.com.mk

     

     

    ВАРДАРСКИ РЕГИОН

     

    BS TEK SOLUTION         
    support@bs-tek.com  
    +389 78 312 167
    www.bs-tek.com
    BLASOFT SOLUTIONS     
    contact@blasoft.solutions     
    +389 70 200 074
    blasoft.solutions

     

     

     

     

     

    ЈУГОЗАПАДЕН РЕГИОН

     

    XHUMKAR                         
    office@xhumkar.com  
    +389 46 784 310
    www.xhumkar.com
    GG KOMPJUTERI                 
    ggkompjuteri@gmail.com   
    +389 75 275 174
     

     

     

     

     

     

    ИСТОЧЕН РЕГИОН

     

    ANEL KOMPJUTERI DOO
    sales@anel.mk       
    +389 70 210 949
    www.anel.mk

     

     

    ЈУГОИСТОЧЕН РЕГИОН

     

    DIGITCOM ELECTRONICS 
    digitcomelectronics@yahoo.com 
    +389 78 356 916
    https://www.facebook.com/digitcomel/

     

     

     

     

    ПЕЛАГОНИСКИ РЕГИОН

     

    NTB ELECTRONIC                
    info@ntb.mk
    +389 47 239 999
    www.ntb.mk

     

     

    ИСТОЧЕН РЕГИОН

     
    ИРТЕК СИСТЕМИ              
    ljupce03@gmail.com
    +389 75 395 555
     

     

  • Прашања и одговори

    Доколку имате прашање или проблем во вашето онлајн работење во врска со сајбер безбедноста може да ни се обратите преку формата подолу.

    На вашиот мејл ќе добиете одговор од нашиот експерт за сајбер безбедност кој ќе ги разреши вашите дилеми и ќе ви даде корисни совети за безбедно онлајн работење.

       

    • Најчесто поставувани прашања во врска со сајбер безбедно работење

      Што значи тоа мојата компанија да биде сајбер безбедна?

      Вашата компанија е сајбер безбедна кога сте донеле организациски и технички мерки, кои треба да ги почитуваат и применуваат и менаџерите и вработените во компанијата. 

       

      Како да постапам кога сакам фамилијарниот компјутер да го користам за работа?

      Ако компјутерот се користи од повеќе лица, обезбедете секој да има посебен кориснички профил во оперативниот систем. Со тоа другите членови во фамилијата нема да имаат пристап до службените документи и ќе го намалите ризикот од случајно бришење. Исто така проверете дали на компјутерот имате лиценциран оперативен систем кој редовно се ажурира, како и активна алатка за заштита од вируси. И последно – проверете како се конектирате на интернет – јавни WiFi мрежи не се безбедни!

       

      Многу често го слушам зборот сајбер хигиена, но не знам какво значење има за мојата компанија?

      Сајбер хигиена се однесува на збир на практики како промена на лозинки, ажурирање на софтвер, надградба на хардвер/опрема, бекап на податоци, активен антивирус, кои може да ги примените за зголемување на сајбер безбедноста и сигурноста во компанијата. Овие практики се однесуваат сите вработени во вашата компанија но и на вашиот давател на ИТ услуги (ИТ администратор) – доколку имате таков.

       

      На службените компјутери имаме електронски документи кои се од голема важност и значење за нашата компанија и сакам да ги заштитам. Како?

      Добра пракса е да се има листа на сите типови на документи и информации со кои работите. За секој тип да се дефинира колку се чувствителни и како треба да се чуваат. Секој вработен треба да има свој кориснички профил со силна лозинка и преку тоа ќе им пристапува на документите. Дополнително, подесете редовен бекап. Со помош на бекап, и некој да ги избрише податоците или да ги уништи вирус, ќе имате можност да ги повратите.

       

      Како да го заштитам документот кој сакам да го пратам по електронска пошта?

      Постојат повеќе начини за тоа. Можеби најлесниот начин е да го заштитите документот со лозинка, и истата да ја пратите до примателот по друг канал. На пример, во PDF документот ставете лозинка во пермисиите и потоа пратете го по е-пошта, а лозинката пратете му ја на клиентот на Viber.