За нас

За нас

Добро дојдовте во Подготвеност за Европа

Подготвеност за Европа е Здружение на професионалци консултанти формирано во март 2012 година со цел поддршка и јакнење на капацитетите на организациите во Македонија заради остварување на целите за одржлив развој и меѓународна соработка, при тоа почитувајќи ги основните европски вредности и принципи.

Веруваме дека македонското општество има потенцијали за развој, потпирајќи се на локалните ресурси и капацитети.

  • Визија и Мисија

    Нашата визија е создавање на општество со еднакви можности за сите. ПЕ ја заснова својата визија врз универзалните принципи на граѓанското општество и партиципативна демократија, владеење на правото, одржлив социоекономски развој, ненасилство, почитување и културна разновидност.

    Мисијата на ПЕ е да поттикне промени со нови и алтернативни решенија за секојдневните предизвици со кои се соочува македонското општество.

    Активностите на ПЕ вклучуваат: Трансфер на најдобрите европски практики преку европски, регионални и национални партнерства со организации кои го почитуваат и поддржуваат заедничкиот развој..

" />