Адреса: бул. Св. Климент Охридски
24/2-1, 1000 Скопје
Email: contact@re2020.org.mk
Тел.: +389 2 3123 601
Новости и настани
03.01.2017
Бесплатна платформа за електронско учење на тема претприемништво – Проект на Еразмус +
Платформата каде се наоѓаат електронските ресурси за учење се состои од 2 главни компоненти, и тоа:

1.       Виртуелно портфолио кое се состои од 8 модули за учење. Целта на овие модули е да се прошири знаењето за социјално претприемништво како и практичните искуства на ова поле.

Темите на модулите се следните:

  • Невладин сектор (Алатки за градење на капацитети)
  • Социјални бизнис модели
  • Вмрежување, партнерства и т.н. алијанси
  • Нови форми на социјални иновации – Микро волонтирање
  • Техники за решавање на проблемите
  • Вклученоста на младите во нивните заедници
  • Практични студии на случај за социјалната вклученост кон невладини организации т.н. "Приказни кои значат"
  • Одржливост

2.      Лабараторија во живо – Претставува методологија и нов начин на работа со волонтерите за зголемување на просперитетот на организацијата во нејзина целост. Сите ресурси на платформата се бесплатно достапни. Секоја организација или експерти кои се заинтересирани во Социјално претпириемништво, градење на капацитети и волонтирање може да пристапат до ресурсите преку креирање на кориснички профил на следниот линк: http://trainingplatform.yes.ace-economiesociala.ro/login/index.php.

Share on Facebook