Адреса: бул. Св. Климент Охридски
24/2-1, 1000 Скопје
Email: contact@re2020.org.mk
Тел.: +389 2 3123 601
За нас, визија, мисија

За нас

Подготвеност за Европа 2020 е Здружение на професионални консултанти формирано Март 2012 година со цел поддршка и јакнење на капацитетите на организациите во Македонија за остварување на целите од стратегијата Европа 2020 како и градење на меѓународна соработка.

Визија

Успешност на македонското општество во реализацијата на Стратегија Европа 2020, преку подготвеност за справување со предизвиците и пречките кои не очекуваат во иднина.

Мисија

Што: градење свест, подготвеност за иновативност во работењето, усогласеност со модерните барања на европскиот единствен простор преку интероперабилност и безбедност

За кого: македонското општество, специјално институциите на јавниот и граѓанскиот сектор како носители на Европа 2020 и Дигитална Агенда.

Како: трансфер на најдобри европски пракси преку европски, регионални и национални партнерства со организации кои го почитуваат и поддржуваат заедничкиот развој и приклучување кон европскиот заеднички простор.