Адреса: бул. Св. Климент Охридски
24/2-1, 1000 Скопје
Email: contact@re2020.org.mk
Тел.: +389 2 3123 601
Цели

Зголемување на свеста на македонското општество за значењето на стратегијата Европа 2020 и продуктивно учество за остварување на нејзините стратешки цели;

Застапување на интересите на македонските организации во национални и европски институции поврзано со стратегијата Европа 2020;

Дигитално општество: Дигитална агенда за Европа (“A Digital Agenda for Europe”) - Забрзување на воведувањето на широкопојасен интернет и искористувањето на придобивките од единствениот дигитален пазар за домаќинствата и фирмите.

Иновации: Иновативна унија (“Innovation union”) - Подобрување на основните услови и пристапот до финансии за истражување и иновации, со цел зајакнување на иновативниот ланец и зголемување на инвестициите низ сите земји од Унијата.

 • Образование: Младите во движење (“Youth on the move”) - Зголемување на перформансите на образовниот систем и зацврстување на неговата привлечност за меѓународните студенти.

Конкурентност: Индустриска политика за во ерата на глобализација (“An industrial policy for the globalization era”) - Подобрување на бизнис опкружувањето, особено за МСП, како и за поддршка на развојот на јака и оддржлива индустриска база способна за глобално натпреварување.

Клима, Енергија и Мобилност: Европа со ефикасна употреба на ресурсите (“Resource efficient Europe”) - Помош при одвојување на економскиот раст од употребата на ресурси, преку декарбонизирање на економијата, зголемување на употребата на обновливи извори на енергија, модернизација на секторот за транспорт и промоција на енергетска ефикасност.

Вработување и вештини: Пакт за нови вештини и нови работни места (“An agenda for new skills and jobs”) - Модернизација на пазарот на труд преку олеснување на мобилноста на работната сила и развој на вештини во целиот животниот циклус со поглед кон зголемување на учеството на работната сила, и подобро спојување на побарувачката и понудата на работна сила.

Борба против сиромаштијата: Европска платформа против сиромаштија (“European platform against poverty”) - Обезбедување на општествената и територијалната кохезија така што придобивките од растот и вработувањето ќе се прошират широко и луѓето кои се соочуваат со сиромаштија и општествено исклучување ќе можат да живеат достоинствено и да земаат активно учество во општеството.

Здружението ги оствaрува своите цели и задачи на база на експертиза, објективност и неутралност, независност, доброволност и солидарност како основни принципи во акција.

За постигнување на поставените цели и задачи Здружението ќе соработува со други невладини организации и Здруженија на граѓани кои имаат исти или сродни програми.

Остварувањето на целите и задачите, како и остварувањето на богатите содржини во програмските активности и дејствувањето на Здружението ќе се спроведува преку учество на разни национални и интернационални проекти, учество и организација на работилници, семинари, истражувачки активности, трансфер на знаења итн.

Понатаму, здружението ќе работи на склучување на контакти и со интернационални организации и фондации за да обезбеди материјали и финансиски средства за имплементација на планираните активности.

Активностите од програмската ориентација се направени за 4 години и истите ќе се рационализираат во годишни планови кои ќе се донесуваат на редовните собраниски седници.